• понеделник, 23 декември 2024

Кари не губи натпревар кога настапува за селекцијата на САД

Кари не губи натпревар кога настапува за селекцијата на САД

Лас Вегас, 8 јули 2024 (МИА) - Стеф Кари за прв пат се најде на списокот на кошаркари на САД за Олимписките игри. Во два претходни наврати (2016 и 2020 година) не беше меѓу 12-те избрани, но сега е во новиот „дрим тим“ на Американците кои сакаат повторно да го одбранат олимпиското злато.

Сепак, Стеф Кари сè уште не ја почувствувал горчината на поразот во кариерата играјќи за тимот на САД - 18 натпревари, 18 победи. На Светското првенство во 2010 година одигра осум од девет натпревари и го освои златниот медал. Во финалето беше поразена Турција со 81:64. Стеф забележа просечни 6,4 кошеви, 2,1 асистенции и 1,7 скока.

Четири години подоцна во Шпанија, Кари ги одигра сите девет натпревари за САД и во финалето Србија беше убедливо поразена со 129:92. Никој не се доближи на помалку од 20 поени, а Кари имаше просек од 10,7 поени, 2,8 скока и 2,9 асистенции.

На Олимпијадата во Париз голем фаворит се и САД кои играат во групата Ц со Србија, Јужен Судан и Порторико. На отворањето ривал ќе им бидат избраниците на Светислав Пешиќ.

Само три селекции на четири Олимписки игри - СССР (двапати во 1972 и 1988 година) и Југославија (1980) и Аргентина (2004) успеаја да им го „одземат“ златото на Американците. дс

Фото: Архива

Тагови

Остани поврзан