Карвахал: Се обидовме да го убедиме Крос да остане
- Дефанзивецот на Реал Мадрид, Даниел Карвахал зборуваше за обидите да се убеди Тони Крос да го одложи своето пензионирање.

Мадрид, 23 мај 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Реал Мадрид, Даниел Карвахал зборуваше за обидите да се убеди Тони Крос да го одложи своето пензионирање.
-Се обидовме да го убедиме Тони да остане, но тоа е тешко. Знаеме каков е неговиот менталитет, колку е цврст во сите негови одлуки. Среќни сме поради него и целосно го поддржуваме доколку тоа е она што тој навистина го сака, изјави Карвахал за „Madrid Zone“.
Во вторник, 21 мај, се дозна дека 34-годишниот Германец нема да го продолжи договорот со Реал и ќе се повлече од фудбалот по Евро 2024 година.
Заедно со Реал Мадрид, Крос четири пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати триумфираше во шпанската Ла Лига, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на УЕФА.
Претходно, Крос играше и за Баер Леверкузен и Баерн Минхен. зс/
Фото: ЕПА