• петок, 22 ноември 2024

Карванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ во Прилеп, Долнени, Битола, Крива Паланка

Карванот  „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ во Прилеп,  Долнени, Битола, Крива Паланка

Скопје, 8 мај 2023 (МИА) - Карванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска на терен со граѓаните во Прилеп,  Долнени, Битола и Крива Паланка.

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ членот на ИО на СДСМ Никица Бачовски заедно Благојче Трпевски беше во посета на Крива Паланка.

-Оваа година воведовме нов систем на субвенционирање. За прв пат субвенциите ги исплаќаме авансно за парите да ги добијат тогаш кога им е најпотребно. Само кон тутунарите оваа година исплативме 26 милиони евра, исплатата на субвенциите кон другите категории земјоделци ќе се одвива согласно предвидениот план, посочи Бачовски.

Во Битола беа Наумче Мојсовски и Виктор Велевски пред граѓаните посочија дека СДСМ го подигна младинскиот и студентски стандард преку реални мерки и политики што ја намалуваат младинската невработеност и отвораат повеќе можности за младите.

Караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска беше во општина Прилеп каде членката на ИО на СДСМ Ивона Кузмановиќ и Благој Бочварски разговараа со граѓаните околу најголемиот проект во инфраструктурата – изградбата на делниците од коридорите 8 и 10 Д.

- Изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д е најголем проект во инфраструктурата. Со тоа, конечно ќе добиеме автопатско решенија за правецот Прилеп – Битола, ако на тоа се додаде и експресниот пат Градско – Прилеп граѓаните, компаниите од Прилеп, ќе бидат подобро поврзани и со Грција и со главниот град. Со предлог законите кои влегуваат во собраниска процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата. На тој начин, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на овој проекти, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како автопати, железници, гасоводи и слично. Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д, порача Бочварски.

Во Долнени беше Борче Хаџиев, кој пред присутните истакна дека СДСМ преку своите одговорни политики обезбеди 26 милиони евра субвенции за тутунарите и рекордна откупна цена на тутунот. дма/

 

Фото: СДСМ

Остани поврзан