• петок, 04 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Карбинци ќе конкурира со четири проекти на вториот повик за средства од унгарскиот заем

Карбинци ќе конкурира со четири проекти на вториот повик за средства од унгарскиот заем

Карбинци, 4 март 2025 (МИА) – Општина Карбинци на вториот повик за финансирање на проекти од унгарскиот заем ќе аплицира со четири проект. Апликациите ќе бидат доставени до Владата во текот на денешниот ден најави на прес-конференцијата градоначалникот, Виктор Паунов. Тој истакна дека проектите се избрани заедно со граѓаните на Општина Карбинци и советниците во Советот на општината. Вкупната вредност на четирите проекти е 460.000 евра.

-Првиот проект е уредување на подводниот канал Герн во селото Долни Балван, проект којшто го најавив  претходно и конечно ќе биде започнат со реализација. Вториот проект е изградба на партерни површини, односно тротоарски површини во село Карбинци. Тоа е потегот од зградата на општината до влезот на селото Карбинци. Третиот проект е осветлување на кејот на Козјачка река во село Карбинци, вели Паунов.

Градоначалникот на Карбинци, Паунов рече дека четвртиот проект е изградба на улица во село Таринци.

-Очекувам една голема градежна офанзива во овие населени места во Карбинци. Покрај ова исто така сакам да потенцирам дека ние веќе аплициравме и во рамките на другите повици коишто ги имаме од институциите. До Бирото за регионален развој Општина Карбинци поднесе проект за регулација Козјачка река, уште една фаза. Тоа е дополнување на она што се работеше во изминативе години. Аплициравме и до министерството за локална самоуправа во рамките на Програмата за намалување на диспаритетите, а тоа е реконструкција на подрачното училиште во село Радање, изјави Паунов.

Во Општина Карбинци ќе се уредува и коритото на река Брегалница, кај селото Долни Балван, каде што ќе се изградат неколку каскади, со цел да се стабилизира теренот на ова подрачје и да не се оштетува мостот при зголемување на водостојот на река Брегалница. Паунов на денешната прес-конференција рече дека сите овие проекти кои ќе се реализираат во Општина Карбинци се со вредност од над еден милион евра, а средствата се обезбедени од централната власт. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан