• понеделник, 23 декември 2024

Каратистите ги почнаа подготовките за ЕП во Грузија

Каратистите ги почнаа подготовките за ЕП во Грузија

Скопје, 22 јануари 2024 (МИА) – Во салата на Карате клубот „Олимпик спорт 2007“ во скопската населбата Лисиче се одржа првиот заеднички тренинг од планираните три пред претстојното Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 во Грузија.

Натпреварувачите имаа можност да одржат тренинзи во дисциплините кати, како и спаринг борби со повеќе противници во дисциплината кумите, под водство на селекторите од соодветните возрасни категории, како и во присуство на директорот на репрезентацијата Арлинд Хусеини.

-И овој пат настанот претставуваше одлична можност за размена на повеќе тренерски искуства. Следните два тренинзи ќе се одржат во ООУ „Гоце Делчев“ во населбата Лисиче на 28 јануари и на 4 февруари, соопшти денеска Карате федерацијата на Македонија.

Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 ќе се одржи од 9 до 11 февруари во грузискиот главен град Тбилиси. ег/вј/

Фото: КФМ

Остани поврзан