• недела, 22 декември 2024

Каракашев: На прагот сме на нов безмилосен грабеж на лозарите

Каракашев: На прагот сме на нов безмилосен грабеж на лозарите

Кавадарци, 27 јули 2024 (МИА) - На прагот сме на нов безмилосен грабеж на лозарите, вели вечерва Ѓорѓи Каракашев, претседател на Национална мрежа на земјоделци, во соопштението да јавноста. Тој нагласува дека пред почеток сме на нов предизвик и нова неизвесност поврзана со откупот на винското грозје. Притоа додава дека како Национална земјоделска мрежа според статутот се обврзани да ги штитат правата и интересите на индивидуалните земјоделци. Во ова прилика, додава, посочува на законските одредби од Законот за вино, што, според нив, е на директна штета на лозарите. 

Според член 3 точка 33, винската година започнува на 1 август и завршува на 31 јули наредната година. Според член 21 Министерството за земјоделие најдоцна до 15 јули во тековната година утврдува производна цена за најмалку две најзастапени сорти винско грозје. Според член 23 цената на винското грозје се утврдува врз основа на утврдени шеќерни единици и сите винарии и трговци се должни најдоцна до 1август да ги истакнат откупните цени по шекерна единица за секоја сорта винско грозје. Најголемата манипулација во Законот за вино е во загарантираната цена која мора да биде 25% над производната цена утврдена од научни истражувачка институција, истакнува тој.

Истовремено, вели, на откупувачите на винско грозје според член 20, им се дозволува исплатата на откупеното грозје да се изврши во три рати.

Првата рата да биде исплатена во процент од 20% најдоцна до 15 декември во тековната производна година. Втората рата во висина од 40% да се исплати до 15 февруари наредната година. Третата рата во висина од 40% најдоцна до 30 април наредната година. Според приложените законски одредби, повеќе од јасно е дека во прашање е еден дискриминаторски закон, каде лозарите се обесправени и се дозволува можност за злоупотреби и безмилосен грабеж на лозарите. Ние како Национална земјоделска мрежа  решително ке застанеме во одбрана на лозарите, се вели во соопштението. свд/сст/

фото МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан