• недела, 22 декември 2024

Караванот „Рамо до рамо до победа“ во Кисела Вода, Желино, Тетово, Врапчиште, Гостивар и Маврово –Ростуше

Караванот „Рамо до рамо до победа“ во Кисела Вода, Желино, Тетово, Врапчиште, Гостивар и Маврово –Ростуше

Скопје, 27 мај 2023 (МИА) – Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска беше на терен со граѓаните на Кисела Вода, Желино, Тетово, Врапчиште, Гостивар и Маврово –Ростуше.

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска со граѓаните на Желино беше Оливер Спасовски.

-Имаме историска шанса да го продолжиме европскиот пат, од нас зависи европската иднина на земјата, со глас за Европа во македонското Собрание можеме да станеме земја-членка на ЕУ до 2030 година. Имаме одговорност пред иднинте генерации, рече Спасовски, се вели во соопштението од СДСМ.

Спасовски нагласи дека сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат дали ќе се приклучат на блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица и тоа мора да му го соопштат на народот, сега не е време за бегање од одговори, менување на ставовите и ширење невистини и шпекулации.

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев и претседателот на градската организација Васко Кичевски денеска во рамки на „Рамо до рамо, до победа“ беа со граѓаните на општина Кисела Вода.

На маалска средба потпретседателот Богоев рече дека земјава е пред историска шанса за продолжување на европскиот пат која треба да се искористи, потенцирајќи ги придобивките од членството во Унијата.

-Членство во ЕУ не значи само европски вредности и пристап до фондови. Значи подобро образование, здравство, подобар животен стандард, нови шанси за младите. Македонските компании би имале пристап до пазар од 400 милиони жители, повеќе приходи, повеќе работни места и повисоки плати, рече Богоев, се вели во соопштението од СДСМ.

Во рамките на теренските активности на СДСМ „Рамо до рамо, до победа“, средби со граѓаните на општина Врапчиште денеска остварија Петре Шилегов и Владимир Анчев, а во Гостивар Костадин Ацевски и Рената Младеновска.

-Членството во ЕУ е заедничка определба, заедничка желба на сите наши граѓани. ЕУ не обединува сите нас. Сега е време да направиме исчекор и да го продолжиме европскиот пат., рече Шилегов во Врапчиште, додавајќи дека се работи за иднината на државата и за граѓаните, за реалзиација на стратешката цел за членство во ЕУ, а тоа бара одговорни и конзистентни политичари. аа/

Фото: СДСМ

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан