• недела, 22 декември 2024

Караванот „Рамо до рамо до победа“ во Дебар, Радовиш и Струмица

Караванот „Рамо до рамо до победа“ во Дебар, Радовиш и Струмица

Скопје, 26 мај 2023 (МИА) - Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска беше на терен со граѓаните на Дебар, Радовиш и Струмица.

Во рамки на караванот теренски активности на СДСМ, „Рамо до рамо до победа“, генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски денеска беше на маалска средба со граѓаните на Дебар.

-Имаме историска шанса за обезбедување на европска иднина за целиот наш народ, за сите граѓани, а пред идните генерации имаме обврска, затоа да истраеме и заедно да го отвориме патот кон нашата крајна цел, да станеме дел од ЕУ, порача Зечевиќ.

Ние, како што додаде тој, знаеме дека на заедништвото почива заедничкиот успех.

-На народот, на граѓаните им треба и мир, стабилност, соживот и сигурна иднина. Нашите граѓани, без разлика на етничка припадност, сакаат да бидат дел од ЕУ,  да живеат достоинствено и подобро во својата држава. Не само животниот стандард и европските вредности, исклучително е важно да бидеме седнати на големата маса во ЕУ, рамноправни, рамо до рамо со големите државотворни народни на Европа. Заради заедничко доброто на идните генерации и заради доброто на земјата. Гласот за Европа е глас за европска иднина. Да се обединиме околу европскиот пат, на заедништвото почитува и заедничкиот успех, рече Зечевиќ.

Во рамките на теренски активности денеска со граѓаните на Радовиш, беа и Гоце Георгиевски и Кирил Парталов, а во Струмица, Никола Рлак и Вангелија Велева.

-ИПАРД е нашата успешна приказна, ние сме лидери во регионот, имаме број на инвестиции колку Србија, Црна Гора и Албанија заедно. Имаме најголема искористеност од 98% на средствата од ИПАРД 2 програмата со склучени 2369 договори, нула евра поврат на средства за целиот ИПАРД 2 период и први во регионот ние започнуваме со ИПАРД 3 програмата, истакна Георгиевски во Радовиш, додавајќи дека успехот се мери во инвестиции по европски стандарди за модернизација на земјоделството и зголемен рурален развој.

Георгиевски нагласи дека преку ИПАРД 2 програмата се ивестирани 60 милиони евра, а ЕУ за ИПАРД 3 додели 97 милиони евра, односно вкупно 128 милиони евра за нови преработувачки капацитети, објекти за рурален туризам, фарми, модерна земјоделска механизација, системи за наводнување, мали бизниси од рурални средини.

Со граѓаните на Струмица заедно со Вангелија Велева беше Никола Рилак, кој пред граѓаните најави дека од први јули оваа година, повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија.

-Изминатата кризна година покажа колку е важно да се има знаење и посветеност за енергетскиот сектор. Во време на криза го зголемивме домашното производство на струја за 44 проценти, цената за граѓаните не се зголеми, а за 72.000 компании на регулираниот пазар, цената на електрична енергија се намали за 20 проценти, рече Рилак, додавајќи дека потонаа сите лаги на опозицијата за енормно поскапување на струјата и за рестрикции.

Рилак истакна дека фокусот во енергетиката е на зелената транзиција, во чии рамки, во мандатот на оваа влада се инсталирани и пуштени во мрежа 210 мегавати обновливи извори на електрична енергија, што е доволно да снабди со електрична енергија околу 76.000 домаќинства. ар/дма/

 

Фото: СДСМ

 

Остани поврзан