Карабах го избра Истанбул за домаќин на дуелот со Виљареал
- Познато е местото на натпреварот од групната фаза во Лигата на Европа меѓу азербејџански Карабах и шпански Виљареал. Средбата ќе се одржи на 29 октомври во Истанбул, објавија медиумите во Шпа

Истанбул, 24 октомври 2020 (МИА) - Познато е местото на натпреварот од групната фаза во Лигата на Европа меѓу азербејџански Карабах и шпански Виљареал. Средбата ќе се одржи на 29 октомври во Истанбул, објавија медиумите во Шпанија.
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) оваа недела привремено ги суспендира сите натпреварите со клупски и репрезентативен карактер во Ерменија и Азербејџан поради воениот конфликт во Нагорно Карабах. зс/