• сабота, 23 ноември 2024

КАПИТАЛ ФИНАНСИСКИ ЦЕНТАР ОРГАНИЗИРА ГОДИШНА ИНВЕСТИТОРСКА СРЕДБА

КАПИТАЛ ФИНАНСИСКИ ЦЕНТАР ОРГАНИЗИРА ГОДИШНА ИНВЕСТИТОРСКА СРЕДБА
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТ Акциите остануваат атрактивни во услови на ниски каматни стапки Компаниите кои директно беа погодени од пандемијата ќе се вратат во нормален колосек на работење и не се очекуваат радикални затегнувања на монетарната политика од страна на Народната банка на Република Северна Македонија и Европската Централна Банка, што позитивно ќе ги стимулира берзите. Оваа година се очекува да биде потешка, но ќе постојат повеќе можности за инвестиции во компании чија фундаментална вредност е повисока од пазарната. На првата Годишна инвеститорска средба, во организација на Капитал Финансиски Центар, која се одржа во Стопанската Комора на Република Северна Македонија, пред инвеститорите се обрати Коста Костадиновски, директор на Капитал ассет менаџмент. Компанијата Капитал ассет менаџмент е лиценцирана како единствено друштво на пазарот за инвестиционо советување и индивидуално управување на портфолио на хартии од вредност, услуга која ја испорачува посредно преку Инвестброкер, односно Ерсте банка за странските пазари. „Оваа година, на светско ниво, се очекува робустен пораст на економијата, со инфлација која ќе ја надмине таргетираната проекција, но сепак нема да биде загрижувачка. Потребно е, како инвеститори, да посветиме повеќе внимание на ризиците заради економската непредвидливост со пандемијата. Најсилни ризик фактори претставуваат тесните грла во ланците на снабдување и евентуалното излегување на вирусот од контрола. Компаниите се очекува да остварат повисок пораст кој ќе ги оправда повисоките пазарни вредности на акциите“, вели Костадиновски.   Според анализите на поголемите светски инвестициски куќи, Европската Централна Банка нема да ги подигне каматните стапки, додека Федералните резерви тоа ќе го сторат за само 0.25%. Костадиновски, пред инвеститорите, претстави и неколку можни пазарни изненадувања за 2022 година, како што се: структурна инфлација, глобално зголемување на даноците, достигнување на точка на вриење на растечкиот пазар заради ниски каматни стапки, материјализација на ризиците поврзани со преголемата зависност од електронски уреди изразени преку испади на сателитски, комуникациски и системи за напојување со електрична енергија и управување со балонот на недвижности во Кина кој се издишува. Капитал Финансиски Центар, минатата година, оствари соработка со КБ Публикум, потоа склучи договор со Триглав пензиско друштво и ја продолжи соработката со Уника преку поврзување на услугата јунит линк животно осигурување со КБ Публикум. Стратешка цел на Капитал е „да изградиме долгорочен партнерски однос со нашите клиенти со високо ниво на меѓусебна доверба и почитување, притоа обезбедувајќи квалитетни решенија согласно нивните променливи потреби и финансиски цели“, вели Костадиновски.   ____________________________________________________________________________   MИА - ОТС Комерцијални соопштенија   Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан