• петок, 22 ноември 2024

Капело: Жоржињо е симбол на актуелната италијанска репрезентација

Капело: Жоржињо е симбол на актуелната италијанска репрезентација
Рим, 27 август 2021 (МИА) - Поранешниот италијански фудбалски тренер Фабио Капело искажа комплименти за играчот од средниот ред на Челзи, и член на „азурите“ Жоржињо. - Тој е симбол на сегашната италијанска репрезентација. Благодарение на него, нашиот национален тим успеа да не прими многу голови. Гледајќи го во живо, сфатив колку е важен за овој тим, истакна Капело. УЕФА вчера го прогласи Жоржињо за најдобар играч во сезоната 2020/21. Во 2021 година, фудбалерот заедно со соиграчот Емерсон, стана првиот играч во историјата на фудбалот што во иста година победил во Лигата на шампионите, Европското првенство и Суперкупот на УЕФА. зс/

Остани поврзан