• недела, 19 мај 2024

Кан ослободен со кауција

Кан ослободен со кауција

Исламабад, 12 мај 2023 (МИА) – Судот во Пакистан донесе одлука поранешниот премиер Имран Кан да биде ослободен со кауција во траење од две недели, изјави неговиот адвокат денеска, откако неговото апсење предизвика масовни протести и судир со војската.

Апсењето на Кан, кое Врховниот суд го прогласи за „невалидно и незаконско“ еден ден претходно, предизвика нестабилност во земјата со 220 милиони жители погодена од економска криза, рекордна инфлација, слаб економски раст и одложување на помошта од Меѓународен монетарен фонд (ММФ).

- Нема оправдување за моето апсење. Ме киднапираа. Тоа е како законот на џунглата, изјави Кан за британскиот весник „Индипендент“ во Високиот суд во Исламабад.

Речиси 2.000 демонстранти се уапсени од вторникот, кога Кан беше приведен од антикорупциската агенција поради случај поврзан со измама со земјиште.

Најмалку осум лица загинаа во судирите со полицијата. Демонстрантите нападнаа воени згради и запалија некои други владини згради и имот, поради што Владата ја повика армијата да воспостави ред. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан