• вторник, 14 мај 2024

Кандидатот на СДСМ за Штип на средба со жителите од населбата Пребег

Кандидатот на СДСМ за Штип на средба со жителите од населбата Пребег
Штип, 5 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Сашко Николов на средбата со жителите од населбата Пребег најави дека веднаш по изборите стартува изградбата на обиколницата Запад, која ќе се протега до мостот на бањата Кежовица. Обебедени се средства и преку ТАВ за изградба на водоводната линија 2, која ќе обезбеди квалитетно водоснбадување на овој дел на градот во текот на летните месеци. Николов посочи дека проблемите со уличното осветлување ќе се решат преку јавно-приватно партнерство, со што, како што рече, со новите светлики во текот на вечерните часови населбите низ Штип ќе бидат осветлени како ден. -Штипјани препознаваат дека го нудиме најдоброто. Точно знаат да ја направат разликата и се одлучни дека сакаат Штип да се развива и да стане европски град, во којшто младите својата иднина ќе ја градат токму тука, во местото кадешто се родиле и пораснале, рече Николов.  вдј/аа/

Остани поврзан