• четврток, 04 декември 2025

Кандидатот за градоначалник од Левица, Мирче Кировски со план за нови паркови, патишта и инфраструктурни инвестиции во Берово

Кандидатот за градоначалник од Левица, Мирче Кировски со план за нови паркови, патишта и инфраструктурни инвестиции во Берово

Берово, 6 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Берово од редовите на Левица, Мирче Кировски, ја претстави програмата на партијата, најавувајќи повеќе инфраструктурни и комунални проекти со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Според Кировски, Левица планира изградба на нови детски паркови и проширување на локалните патишта кон селата Ратево, Двориште и Русиново. 

Посебен акцент е ставен на изградбата на мостот на „Три реки“ во село Ратево, како и на проектирање и пробивање шумски патишта кои ќе послужат како заштитни појаси од пожари.

Програмата предвидува и набавка на нова опрема и машини за општинските и комуналните служби, изградба на паркинг простор за ослободување на јавните површини, како и уредување на здравствениот дом во Берово.

-Нашата програма е реална, мерлива и целосно во интерес на граѓаните. Верувам дека заедно можеме да изградиме поубаво Берово за сите нас,“ изјави Кировски. 

Заедно со Кировски, претседателот на Левица Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов имаа таканаречена ,,народна средба" со граѓаните на Берово. вс/сст/

 


Фото: Левица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан