• недела, 22 декември 2024

Кандидатот за градоначалник на Пустец Панди Јани вети Македонски културен центар во Шулин

Кандидатот за градоначалник на Пустец Панди Јани вети Македонски културен центар во Шулин

Дебар, 27 април 2023 (МИА) – Општина Пустец ќе добие Македонски културен центар(МКЦ) со седиште во село Шулин, вети Панди Јани, кандидат за градоначалник на оваа општина.

- Се прашувате зошто токму во Шулин? Затоа што Шулин е срцето на општината. Во овој МКЦ ќе бидат реализирани многу проекти од областа на културата и ќе претставува мало катче, каде младите од цела општина и пошироко ќе имаат можност да дознаат повеќе за македонското минато, култура и многу други нешта од македонската историја, стои во објавата на Фејсбук.

Според него селото Туминец ќе биде првото село од каде ќе започне со уредување на јавните плажи.

- Во 30 години плурализам, во село Туминец камен не е поместен, а гласачите цело ова време се искористени и манипулирани само за избори. Почнувајќи токму од таа причина, веднаш после стапување на функција ќе се заложам за уредување на плажата покрај селото, најпрвин чистење од камења и карпи, па потоа уредување со сезонски реквизити, најави тој доколку жителите му ја дадат довербата.

Туминец е второ по големина село во општината, затоа " заслужува промени“.

- Верувам и цврсто сум убеден во моите идеи за подобар живот. Драги пријатели од Туминец и сите сограѓани време е за промени. Заедно одиме на победа и кон конечно уредување на јавниот простор. Во мојата програма има проекти за сите села во Преспа, а во наредниот период ќе бидат објавени сите приоритетни активности за сите нив, порачува Јани.

Локалните избори во Албанија ќе се одржат на 14 идниот месец а во трката за градоначалник со Панди е актуелниот градоначалник Пали Колефски. вт/ир

 

ФОТО: Панди Јани, „Фејсбук“ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан