Кандидатот за градоначалник на Дебар од ВРЕДИ, Меља, на средба со претставници на невладини организации и спортски клубови
- Кандидатот за градоначалник на Дебар, од ВРЕДИ, Фисник Меља, имаше средба со претставници на невладини организации и спортски клубови.
Дебар, 4 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Дебар, од ВРЕДИ, Фисник Меља, имаше средба со претставници на невладини организации и спортски клубови.
-Денеска, заедно со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, одржавме значајна средба со претставници на невладините организации и спортските клубови во Дебар. Констатиравме дека Дебар има исклучителен потенцијал, младинска енергија и луѓе посветени на развојот на градот, информираше Меља.
Додаде дека се обврзале "овој глас да биде дел од нивните конкретни планови за иднината".
-Како иден градоначалник на општината, се залагам да создадам подобри услови за здруженијата, спортот и младите – затоа што Дебар ја заслужува нашата поддршка со опипливи проекти, транспарентност и развој според европски стандарди. Дебар чекори напред само со јасна визија и со вклучување на сите, порачува тој.
Претходно остварил средба со Форумот на жени на ВРЕДИ на кои им изразува голема благодарност за силната поддршка.
Меља, кој моментално е заменик директор на УЈП, на изборите е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, која на овие избори нема кандидат за градоначалник, туку само кандидатска листа за советници. вт/ац/
Фото: Фејсбук профил на Меља