• недела, 22 декември 2024

Канатларовски: Се надевам дека ќе ја продолжиме победничката низа

Канатларовски: Се надевам дека ќе ја продолжиме победничката низа
Скопје, 19 септември 2022 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година, во Скопје официјално ги започна подготовките во пресрет на силниот контролен турнир што ќе се одржи во Хрватска. Селекторот Драган Канатларовски очекува добри резултати против репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и домаќинот Хрватска. Место на одигрување на контролните натпреварите ќе биде Свети Мартин на Мура. - Ова е наш втор собир, првиот собир на оваа генерација беше во јуни каде што одлично стартувавме, забележавме две победи над Бих. Се надевам дека во ист ритам ќе продолжиме, со квалитетна игра, голема пожртвуваност и желба за победа. Од натпревар во натпревар ќе се обидеме да ја подобриме нашата играта и да растеме и напредуваме заедно како тим. Вредно и напорно работиме, се трудиме сите заедно максимално на секој тренинг. Ме радува фактот што ги имаме сите играчи на располагање, во Хрватска ќе ни се придружи и Кристијан Тасевски. Оваа репрезентација поседува квалитет и знаење, се надевам дека ќе ја продолжиме победничката низа, изјави Канатларовски. Првиот натпревар македонската селекција на овој турнир ќе го игра на 23 септември против Албанија. зс/

Остани поврзан