• недела, 22 декември 2024

Канатларовски повика 23 фудбалери за натпреварите против Србија и Фарски Острови

Канатларовски повика 23 фудбалери за натпреварите против Србија и Фарски Острови
Скопје, 15 март 2022 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до до 21 година, Драган Канатларовски за квалификациските натпревари за ЕУРО 2023 против Србија и со Фарски Острови повика 23 играчи. На списокот на Канатларовски се најдоа: Голмани: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Борец 1919), Дамјан Серафимов (Охрид Лихнидос); Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи 1927), Стефан Наумчевски (Тиквеш), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Бесир Исени (Струга Трим Љум), Јован Манев (Брегалница), Виктор Крстевски (Гостивар); Среден ред: Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Димитар Тодоровски (Работнички), Енис Фазлагиќ (Висла Краков, Полска), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.), Томче Гроздановски (Дугопоље, Словенија), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Бојан Димовски (Академија Пандев), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Лука Станковски (Газиантеп, Турција); Напад: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември), Методи Максимов (Работнички). Дуелот со Србија е закажан за 24 март во Белград со почеток од 17 часот, а на 29 март, на стадионот „Тодор Проески" од 18 часот Македонија ја пречекува селекцијата на Фарски Острови. зс/

Остани поврзан