Канада ќе одговори веднаш и силно ако САД воведат царини
- Канада ќе одговори веднаш и соодветно доколку САД навистина воведат царини на увозот од оваа земја, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо, нагласувајќи дека во таков случај канадските граѓани ќе се соочат со „тешки времиња“.

Отава, 31 јануари 2025 (МИА) - Канада ќе одговори веднаш и соодветно доколку САД навистина воведат царини на увозот од оваа земја, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо, нагласувајќи дека во таков случај канадските граѓани ќе се соочат со „тешки времиња“.
- Подготвени сме да одговориме – одлучно, силно, но разумно и итно. Тоа не е нешто што го посакуваме, но ако тие го сторат тоа, ние ќе реагираме, изјави Трудо, додавајќи дека „сите опции се на маса“.
Обраќајќи се пред Советодавниот одбор за канадско-американски односи, Трудо истакна дека Канаѓаните се „вознемирени и загрижени“, но увери дека Владата „ќе ги заштити“. ссм/
фото: архива