Канада по 28. пат светски шампион во хокеј на мраз
- Репрезентацијата на Канада постави нов рекорд на светските првенства во хокеј, престигнувајќи ја Русија/СССР (27 златни медали).

Тампере, 29 мај 2023 (МИА) – Репрезентацијата на Канада постави нов рекорд на светските првенства во хокеј, престигнувајќи ја Русија/СССР (27 златни медали).
Канаѓаните синоќа во Тампере го освоија 28. шампионски трофеј на Мундеијалите. Тие во Тампере, Финска во финалето ја победија Германија со 5:2.
Во натпреварот за 3.место, ко-домаќинот на Светското првенство 2023, репрезентацијата на Летонија ги совлада САД со 4:3 по продолжение. зс/
Фото: ЕПА