• недела, 21 јули 2024

Канада постави рекорд по број на асистенции на натпревар од Светското првенство

Канада постави рекорд по број на асистенции на натпревар од Светското првенство

Џакарта, 27 август 2023 (МИА) – Репрезентацијата на Канада денес совлада селекцијата на Либан со резултат 128:73 во нивниот втор натпревар на Светското првенство 2023 година. Канаѓаните остварија 43 асистенции што е нов рекорд во историјата на светските првенства.

 

Најефикасен продуктивен играч на средбата беше Ри Џеј Барет, кој постигна 17 поени. Уште осум кошаркари на Канада имаа двоцифрен број поени.

 

Сите играчи на победничкиот тим имаа најмалку една асистенција. Во овој кошаркарски елемент најдобар беше Треј Бел-Хејнс со осум, Нихил Александар-Вокер додаде седум. 

 

Канада има две победи од два натпревара, Либан два пати загуби во Х-групата на Мундобаскет 2023. зс/

 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан