• вторник, 30 април 2024

Канаваро официјално нов тренер на Удинезе

Канаваро официјално нов тренер на Удинезе

 

Удине, 22 април 2024 (МИА – Италијанскиот фудбалски прволигаш Удинезе објави попладнево дека Фабио Канаваро е нов тренер на клубот од Удине.

Удинезе претходно денеска објави дека се разделил со поранешниот тренер Габриеле Чофи, а неколку часови подоцна го потврди пишувањето на италијанскиот печат и назначувањето на Канаваро.

Клубот соопшти дека 50-годишниот Канаваро потпишал договор до крајот на сезоната.

Канаваро доаѓа на местото на Габриеле Чофи, кој беше отпуштен од должноста по петочниот пораз од директниот конкурент во борбата за опстанок, Верона.

Удинезе е 17. на табелата во Серија А со 28 бодови, колку што има и Фросиноне, кој е место подолу и во зоната на испаѓање.

Канаваро, кој во својата фудбалска кариера ги носеше дресовите на Јувентус и Реал Мадрид, беше без тренерски ангажман од заминувањето од Беневенто во 2023 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан