Камила Џорџи и Каролина Плишкова во женското финале на Канадскиот Мастерс
- Во женското финале на Канадскиот Мастерс вечерва ќе се сретнат Камила Џорџи и Каролина Плишкова.

Монтреал, 15 август 2021 (МИА) – Во женското финале на Канадскиот Мастерс вечерва ќе се сретнат Камила Џорџи и Каролина Плишкова.
Италијанката Камила Џорџи, стигна до финалето со победата врз Џесика Пегјула, додека, Чехината Каролина Плишкова ја совлада Арина Сабаленка.
Ова е деветта средба на Плишкова и Џорџи, со тоа што Плишкова моментално води со 5-3. Џорџи победи на нивната најскорешна средба што се одржа на Олимписките игри во Токио. ар/бак/