Камерон пристигна на Фолкландските острови
- Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска пристигна на Фолкландските острови, со што стана првиот британски министер за надворешни работи што го посетил архипелагот во последните 30 години. На овој начин Лондон демонстрира дека спорната територија е „дел од британското семејство“, јави ДПА.
Лондон, 19 февруари 2024 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска пристигна на Фолкландските острови, со што стана првиот британски министер за надворешни работи што го посетил архипелагот во последните 30 години. На овој начин Лондон демонстрира дека спорната територија е „дел од британското семејство“, јави ДПА.
Камерон истакна дека за суверенитетот на архипелагот „не може да се преговара“, додека островјаните сакаат да бидат Британци.
Шефот на британската дипломатија ќе посети некои од клучните места во војната меѓу Британија и Аргентина во 1982 година за Фолкландските острови за да им оддаде почит на оние кои ги загубија животите во конфликтот.
Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, кој се состана со Камерон минатиот месец, побара контролата над островите во јужниот дел на Атлантикот да и се предаде на Аргентина.
„Фолкландските острови се ценет дел од британското семејство и ние сме јасни дека се додека тие сакаат да останат дел од семејството, нема да се разговара за прашањето за суверенитетот“, рече Камерон. паг/
Фото: ЕПА