• среда, 15 мај 2024

Каменичките пожарникари гаснеа пожар во атарот на селото Саса

Каменичките пожарникари гаснеа пожар во атарот на селото Саса

Македонска Каменица, 6 февруари 2024 (МИА) - Изгаснат пожарот кој денеска околу пладне избувна во атарот на Чукаревска Маала во каменичкото село Саса.

Командирот на ТППЕ од Македонска Каменица, Малин Трајчевски информира дека во пожарот е причинета штета на вегетацијата на простор од околу 4 хектари.

-Пожарот е настанат од невнимание на локален жител, при чистење на нива кај месноста Близна. За време на гаснењето немаше опасност по безбедноста на населението, истакна Трајчевски, напоменувајки дека пријавата за пожарот е добиена во 12:30 часот, а истиот целосно е изгаснат во 14:30 часот.

Противпожарната единица од Македонска Каменица во гаснењето учествувала со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Во пожарот се зафатени сува трева и папрат, без материјална штета по имотите на жителите. вс/фф/

Фото: Малин Трајчевски, командир на ТППЕ М.Каменица

Остани поврзан