• четврток, 21 ноември 2024

Камелија Недев освои два златни медали на ИТКФ интерконтиненталниот куп во Вроцлав

Камелија Недев освои два златни медали на ИТКФ интерконтиненталниот куп во Вроцлав

Вроцлав, 9 март 2024 (МИА) - Македонската репрезентација во традиционално карате Камелија Недев освои два златни медали, еден сребрен и два бронзени медали на ИТКФ интерконтиненталниот куп во Вроцлав, Полска.

Недев победи во кати и кихон ипон кумите за деца 12-13 години.

Од македонските натпреварувачи на овој турнир медали освоија и: Софија Јарчевска – сребро во кихон ипон кумите за деца 12-13 години, Филип Недев – бронза во џиу ипон кумите за деца од 10-13 години и Максим Поп Трпев - бронзен медал во кихон ипон за деца 8-9 години. 

На интернационалниот куп во Вроцлав, учествуваат близу 700 каратисти од 25 земји. Во тек се напреварите за сениори, јуниори и кадети. зс/

Остани поврзан