• недела, 22 декември 2024

Камала Харис вели дека е „подготвена да и служи на својата земја“ во интервјуто за „Волстрит џурнал“

Камала Харис вели дека е „подготвена да и служи на својата земја“ во интервјуто за „Волстрит џурнал“

Њујорк, 12 февруари 2024 (МИА) - Американскaтa потпретседателка Камала Харис изјави дека е „подготвена да и служи“ на својата земја во интервју за Волстрит џурнал објавено кога дебатата за годините на претседателот Џо Бајден повторно се вжештува.

„Подготвена сум да и служам на својата земја. Нема сомнеж за тоа“, вели 59-годишната демократка, уверувајќи дека секој што ќе ја види нејзината работа „доаѓа до заклучок (дека) таа е целосно способна да води“.

Роберт Хур, специјалниот обвинител задолжен за истрагата на случајот со доверливи документи задржани од американскиот претседател, го отфрли случајот, тврдејќи, меѓу другото, дека поротата не сака да осуди „постар човек со лошо паметење“. Коментарите ја потресоа кампањата, девет месеци пред претседателските избори во ноември, каде засега фаворити се Џо Бајден (77) и поранешниот претседател од Републиканската партија, Доналд Трамп. зш/

Остани поврзан