• недела, 22 декември 2024

Калцона: Имаме сè помалку шанси да влеземе во Лигата на шампионите

Калцона: Имаме сè помалку шанси да влеземе во Лигата на шампионите

Неапол, 31 март 2024 (МИА) - Тренерот на Наполи, Франческо Калцона, го коментираше поразот од Аталанта (0:3) во натпреварот од 30. коло на Серија А.

- Имаме позитивни квалитети на силен тим, но имаме и недостатоци. Ние сме ранливи и тоа не е добро. Се помалку се шансите да се пласираме во Лигата на шампионите, но мора да продолжиме да гледаме напред и да се подобруваме. Проблемот не е во дефанзивната линија, се мачи целиот тим. Сите знаат за проблемите на Наполи. Сменети се тројца тренери и многу играчи. Ова е огромна разлика во однос на минатата сезона, но, за жал, не можеме да направиме ништо околу тоа, изјави Калцона за „Football Italia“.

Наполи е на осмото место во Серија А со 45 бодови.

На 7 април екипата ќе игра против Монца. Тимот заостанува девет бода зад четвртопласираната Болоња која има и натпревар помалку. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан