• петок, 05 декември 2025

Калина Сакскобургготска и нејзиниот сопруг Китин Муњос ги разгледаа архивите на Бугарската телеграфска агенција

Калина Сакскобургготска и нејзиниот сопруг Китин Муњос ги разгледаа архивите на Бугарската телеграфска агенција

Софија, 24 ноември 2025 (МИА) – Калина Сакскобургготска и нејзиниот сопруг Китин Муњос ги посетија реновираните архиви и редакцијата на Бугарската телеграфска агенција (БТА). Тие беа пречекани лично од генералниот директор на БТА Кирил Валчев, кој им ги покажа архивите, читалницата, центарот за дигитализација, библиотеката и обновената редакција.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Кирил Валчев и директорката на Архивското и информативното одделение при БТА, Десислава Шевова, им ги покажаа на гостите биографските досиеја во Информативното одделение, во кои се чуваат исечоци од периодичниот печат и изданијата на БТА низ годините за бугарски личности. Врз основа на овие досиеја се подготвуваат извештаи за годишнините од раѓањето или смртта на истакнати Бугари, кои им се потребни на дирекциите на БТА. Принцезата Калина го разгледа своето досие.

Обиколката на Калина Сакскобургготска и нејзиниот сопруг Китин Муњос продолжи во фотоархивата на БТА, каде што се чуваат прегледите на фотографиите. Тие го видоа албумот со фотографии на цар Борис Трети и неговото семејство. Потоа гостите ги видоа и архивите каде што се чуваат негативи, кои бројат околу 1 800 000 кадри од фотографи на БТА.

Генералниот директор на БТА Кирил Валчев им ја покажа на гостите читалницата, која може да биде посетена и од надворешни лица. Таму се наоѓа уметничката инсталација „Твојата публика“ – дело на ректорот на Националната уметничка академија проф. Георги Јанков. Тие беа и во центарот за дигитализација на БТА, каде што го видоа процесот на дигитализација на билтените и негативите од фотоархивата.

Им беа претставени уште и историскиот архив, каде што се чуваат списанијата издавани од БТА, билтените од 1921 година и тематските досиеја на одделот „Справочна“. Кирил Валчев го претстави првиот број на списанието ЛИК од 1965 година и неговите нови изданија. Десислава Севова им покажа на гостите билтен од 1937 година – специјален број за раѓањето на Симеон Сакскобургготски.

Беше покажан првиот билтен на БТА, при што Валчев раскажа дека првата вест е од 16 февруари 1898 година по стар стил (28 февруари 1898 година по нов стил) од Виена за здравствената состојба на кнегињата Клементина – мајката на Фердинанд Први – и појасни дека БТА е една од најстарите агенции во светот.

Во архивата што ги чува најстарите документи, Десислава Севова покажа билтен од 1914 година, во кој се чува белешка од царицата Елеонора – втората сопруга на Фердинанд Први.

Калина Сакскобургготска и Китин Муњос ја посетија библиотеката на БТА, каде што разгледаа книга на француски јазик „Општата историја на сликарството“ (Histoire générale de la peinture), во која има дизајн на тетоважа на бамбус, карактеристична за Маркиските Острови, што се наоѓаат во Тихиот Океан. Китин Муњос забележа дека ја има истата тетоважа, прикажана во книгата, која ја направил за време на едно од неговите две посети на островите.

Гостите го разгледаа уште мултимедијалниот центар сала „МаксиМ“, Националниот пресклуб на БТА во Софија, како и обновената редакција на агенцијата.

Калина Саксобурготски и Китин Муњоз рекоа дека се импресионирани од нивната посета и од обемот на архивски документи зачувани во новите архиви на БТА.

____________________________________________________________________________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан