• недела, 22 декември 2024

Калеска-Ванчева: Со аргументите за укинување на Пржинската влада се докажува дека институциите не се заробени, дека имаме фер и слободни избори

Калеска-Ванчева: Со аргументите за укинување на Пржинската влада се докажува дека институциите не се заробени, дека имаме фер и слободни избори
Скопје, 27 јануари 2022 
Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма истакна дека ставот на СДСМ во врска со Пржинската влада е конзистентен и дека треба да постои консензус помеѓу сите политички чинители, особено оние застапени во парламентот.
Она што се случуваше 2016 година е преседан, но да видиме зошто мораше да биде потребна пржинската влада, еднаш треба да сфатиме дека партијата не смее да биде институција, ние имавме партизирани институции, заробени институции и заробена држава, по дефиниција од меѓународните институции, затоа дојдовме во ситуација да воведеме нешто што е надвор од нашиот устав и требаше да биде еднократно, истакна Калеска Ванчева.
Таа нагласи дека СДСМ апсолутно го поддржува предлогот да дојде на дневен ред и да се отвори прашањето, по што сите треба да се согласат.
Аргументите се за укинување на Пржинската влада и со тоа покажуваме дека времето е созреано, институциите функционираат, веќе немаме не се заробени институции, немаме квалификација на заробена држава и време е да го тргнеме она што значи на Пржински договор и да имаме таканаречена техничка влада,  избори во рок од минимум 60 до максимум 90 дена, кои ги спроведува владата што е актуелна и така е во сиот нормален демократски свет, истакна Калеска Ванчева.
Таа додаде дека сите останати политички партии ќе го сфатат ова и на крајот ќе има консензус со вистински аргументи, зошто треба да се поддржи таквото законско решение.
Атмосферата е зрела за отворање на вистинска дебата да видиме, што на ова општество му е најфункционално во смисла на парламентарна демократија, мора да се отвори широка и експертска дебата, и тоа во собранието, како највисок законодавен дом, каде сите прашања поврзани со изборите, со политиките, законите мора да бидат отворани и затворани, порача Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

__________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан