• недела, 22 декември 2024

Калевска-Ванчева: Со одлука на Владата, укинато е спојувањето на концесиите за рудникот Иловица

Калевска-Ванчева: Со одлука на Владата, укинато е спојувањето на концесиите за рудникот Иловица

Скопје, 29 јули 2023

Интересите на граѓаните, остануваат врвен приоритет за парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ.

Со одлука на Владата, укинато е спојувањето на концесиите за рудникот Иловица.

СДСМ и денес, но и од првиот ден е против отворање рудници во еден од најплодните делови на нашата држава. 

ДПМНЕ кои денес лицемерно глумат загриженост, се всушности оние кои ја дадоа концесијата за рудникот Иловица, но и други 85 концесии за рудници.

Одлуката за доделување концесија за рудник за бакар и злато во Иловица е донесена на 16 јуни 2012 година и на таа одлука потпишан е Зоран Ставревски тогашен Заменик претседател на Владата и десна рака на Никола Груевски.

Пред доделувањето на концесијата претходеле позитивни мислења од неколку државни органи, каде свој потпис ставиле Миле Јанакиески, тогашен министер за транспорт и врски, Љупчо Димовски, тогашен министер за земјоделство. 

Бидејќи се работи за постапка во три чекори позитивно мислење е дадено и од Владо Мисајловски, кој денеска е потпретседател на ДПМНЕ и близок соработник на Христијан Мицкоски. 

Затоа пред да глуми загриженост, Мицкоски нека го праша својот потпретседател за рудникот во Иловица. 

За разлика од таквиот однос на ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ постојано презема чекори во насока на заштита на интересите и барањата на граѓаните и само поради тоа рудниците не се отворени до ден денеска.

И покрај тоа што ДПМНЕ со своите одлуки ја ставија државата во судски лавиринти, ние, како одговорна партија, продолжуваме да ги користиме сите механизми за да спречиме отворање на рудници во Струмичкото поле.

Продолжуваме да работи во интерес на граѓаните и за заштита и унапредување на квалитетот на животната средина.

Снежана Калевска-Ванчева, пратеничка на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан