• среда, 25 март 2026

Калас: Историјата е полна со примери каде доаѓало до уривање на режими, но прашањето е што доаѓа потоа

Калас: Историјата е полна со примери каде доаѓало до уривање на режими, но прашањето е што доаѓа потоа

Брисел, 13 јануари 2026 (МИА) – Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас изјави дека е неизвесно што би следело по евентуалниот пад на иранскиот режим.

Одговарајќи на новинарско прашање Калас предупреди дека промената на власта не гарантира подобра иднина за земјата.

- Историјата е полна со примери каде доаѓало до уривање на режими, но прашањето е што доаѓа потоа, рече таа.

За моменталната ситуација во Иран, Калас изјави дека исходот не е јасен.

- Во моментов не е јасно дали режимот ќе падне или не, јасно е дека протестите се масовни, наведе таа.

- Исто така е јасно дека режимот брутално потиснува и убива луѓе за навистина да поттикне страв во општеството, додаде Калас. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан