• недела, 09 јуни 2024

„Каирос“ - ново меѓународно научно списание

„Каирос“ - ново меѓународно научно списание
Скопје, 1 јули 2022 (МИА) - Излезе прв број на Каирос - меѓународно научно списание со отворен пристап и форум за размена на знаења и идеи помеѓу членови на академската заедница, истражувачи, експерти, студенти и други стручни лица од областа на медиумите и комуникациите. Издавач на списанието е Институтот за комуникациски студии. Тоа ќе биде посветено на актуелните прашања и на идните трендови и случувања во медиумските и во комуникациските студии, медиумското образование, како и на нивните социолошки, психолошки, политички, јазични и технолошки аспекти. Како што соопшти издавачот, покрај овие области, добредојдени се и други текстови кои нудат нови перспективи и решенија што се релевантни за медиумите, комуникациите, образованието, стратешкиот менаџмент и бизнисот. И тие ќе бидат земени предвид за објавување во идните изданија на „Каирос“. Списанието е објавено како дел од проектот на УСАИД за медиумска писменост YouThink. Станува збор за петгодишна програма финансирана од УСАИД, која работи со младите за да им помогне да се движат и да обликуваат информативен екосистем што информира и ангажира наместо да дели и да поларизира. Проектот го спроведуваат ИРЕКС, Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Младинскиот образовен форум. хс/сп/

Остани поврзан