• петок, 22 ноември 2024

Фондот за здравствено осигурување од денеска со нови директори

Фондот за здравствено осигурување од денеска со нови директори

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Примопредавање на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија беше извршено денеска, информираат од ФЗОРСМ.

Досегашните директори Магдалена Филиповска Грашкоска и Асаф Абдурамани како в.д. директор, ја предале должноста на новите в.д директори - Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, назначени од Владата.

- Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и е со 30-годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор. Аџигогов доаѓа од редот на вработените и има повеќегодишно искуство во делот на менаџментот на Фондот, се наведува во соопштението.

Новите директори функцијата ја преземаат од денеска. бд/дма/

Фото: ФЗОРСМ

Остани поврзан