• вторник, 10 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Казни за 427 возачи на мотоцикли, одземени 24 мотоцикли 

Казни за 427 возачи на мотоцикли, одземени 24 мотоцикли 
Скопје, 25 јули 2022 (МИА) - Во периодот од 18 до 24 јули спроведена е контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 427 возачи. Од нив, 282 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, а 77 возеле без возачка дозвола. Од МВР денеска информираа дека се одземени 24 мотоцикли поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. цр/бак/

Остани поврзан