• недела, 30 јуни 2024

Казни за 302 возачи на мотоцикли, шест мотоцикли одземени

Казни за 302 возачи на мотоцикли, шест мотоцикли одземени
Скопје, 5 септември 2022 (МИА) - Во периодот од 29.08.2022 до 04.09.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 302 возачи. Од нив, 194 не користеле заштитна кацига за време на возење, 62 возеле без возачка дозвола. Како што информираа од МВР,  шест мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/  

Остани поврзан