• понеделник, 23 декември 2024

Казни за 186 возачи на мотоцикли, три мотоцикли одземени

Казни за 186 возачи на мотоцикли, три мотоцикли одземени
Скопје, 26 септември 2022 (МИА) - Во периодот од 19.09.2022 до 25.09.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 186 возачи. Од нив, информираа денеска од МВР, 110 не користеле заштитна кацига за време на возење, 44 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/дма/

Остани поврзан