• среда, 27 ноември 2024

Казнети 188 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Казнети 188 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Скопје, 28 април 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 188 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 97 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место. 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/сп/

Фото: МИА

Остани поврзан