• четврток, 28 март 2024

Казнети 169 возачи за брзо возење

Казнети 169 возачи за брзо возење

Скопје, 9 јуни 2023 (МИА) - Полицијата вчера во засилена акциска контрола на територијата на државата казнила 169 возачи за движење со брзина поголема од дозволената.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

-Притоа, 108 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место, информира МВР.

Укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. хс/са/ 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан