Казнети три ресторани и месарница во Кавадарци, уништени 87 килограми небезбедна храна
- На три ресторани и една месарница во Кавадарци им се изречени парични казни за пласирање во промет небезбедна храна и неспроведени санитарни прегледи за вработените лица, информира денеска Агенцијата за храна и ветеринарство.

Скопје, 28 септември 2024 (МИА) - На три ресторани и една месарница во Кавадарци им се изречени парични казни за пласирање во промет небезбедна храна и неспроведени санитарни прегледи за вработените лица, информира денеска Агенцијата за храна и ветеринарство.
Недоследностите се најдени при вонредните инспекциски контроли што биле спроведени кај оператори за храна неделава во Кавадарци.
-Изречените глоби се движат од 600 до 3 илјади евра во денарска противвредност за правните лица, зависно од големината на субјектот и по 400 и 500 евра во денарска противвредност за одговорните лица во правните субјекти. Уништени се 87 килограми небезбедна храна ( месо, замрзнати производи, замрзната риба). лв/
фото: МИА архива