• понеделник, 23 декември 2024

Казната на Евертон намалена од десет на шест бодови

Казната на Евертон намалена од десет на шест бодови

 

Лондон, 26 февруари 2024 (МИА) – Казната што му беше изречена на англискиот фудбалски прволигаш Евертон поради кршење на финансиските правила е намалена од десет на шест бодови, соопшти денеска Премиер лигата.

Евертон ја обжали првичната одлука која независна комисија ја донесе во ноември лани и беше највисока во историјата на Премиер лигата.

Во денешното соопштение Премиер лигата наведе дека независниот жален одбор усвоил две од деветте основи за желба што ги поднесе Евертон, што доведе казната да биде намалена за четири бодови.

Одлуката значи дека Евертон напредуваше за две места на табелата и сега е на 15 место, пет бодови над зоната на испаѓање. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан