• недела, 22 декември 2024

Каевски: Сликите со Ковачев се потврда, бугарското и македонското ВМРО ја кочат нашата европска иднина

Каевски: Сликите со Ковачев се потврда, бугарското и македонското ВМРО ја кочат нашата европска иднина

9 март 2024 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,


Погледнете ги овие фотографии.

 

Овие од лево, Мицкоски и Силјановска се од политичката партија ДПМНЕ која не напаѓаше затоа што сме го заштитиле македонскиот јазик во ЕУ.


Главните кочничари на европскиот пат на земјата и подобра иднина на сите наши граѓани.


А ова од десно е европратеник од соседна Бугарија, познат како главен негатор на македонскиот народ, јазик, култура, историја.


Прашањето е што имаат заедничко Мицкоски и Ковачев? Што имаат заедничко Силјановска и Ковачев?


Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија.


Мицкоски  и Силјановска едно зборуваат јавно, друго прават зад грбот на народот.


Луѓе кои што го едно зборуваат а друго прават не можат да донесат ништо добро.


На граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи туку претседател со јасна европска визија кој ќе турка напред по вистинскиот пат.


СДСМ е единствената која нуди реална надеж за подобро утре, за сигурна европска иднина.


Со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ.


Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа.

Прес-конференција на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: СДСМ 

Остани поврзан