• петок, 27 декември 2024

Каевски: За 10 и 15 отсто ги намалуваме цените на тестенините и на млечните продукти

Каевски: За 10 и 15 отсто ги намалуваме цените на тестенините и на млечните продукти

Скопје, 11 март 2023

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски е посветена на заштита на стандардот на граѓаните и постојана поддршка во време на светска економска и енергетска криза.

Откако пред десетина дена беше донесена одлука за укинување на повластената цена на електрична енергија за производителите во прехранбената и замрзнување на цената на белиот и полубел леб, Владата предводена од СДСМ вчера донесе и одлука за корекција на цените на бројни продукти.

Со Одлука на Владата, од 13 март, понеделник, се замрзнува, односно се намалува цената на тестенините, за 15 отсто во однос на цената која се применувала во трговијата на мало на први март оваа година.

Тоа значи намалување на цената на шпагетите и макароните за околу осум до девет денари.

Покрај тоа, се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти за период од 13 март 2023 година до 31 мај 2023 година.

Се корегираат и цените на млекото и млечните производи, односно на трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, урдата, кравјoто бело сирење и мешано бело сирење, кравјиот кашкавал, киселото млеко, павлаката и јогуртот кој е без додатоци.

Цените на овие продукти се намалуваат за десет отсто во однос на цените кои се применувале на први март 2023 година, во трговијата на мало.

Оваа одлука ќе се применува од 17 март 2023 година до 31 мај оваа година.

Почитувани,

Во период на справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза, не дозволуваме никој да биде оставен сам, ниту пак некој да профитира врз грбот на граѓаните.  

Продолжуваме да се грижиме за стандардот на сите граѓани.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ, прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

____________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан