• четврток, 11 јули 2024

Кадетките го освоија ФИБА Челенџерот во Грузија

Кадетките го освоија ФИБА Челенџерот во Грузија
Тбилиси, 14 август 2021 (МИА) - Женската селекција на Македонија, за кошаркарки до 16 години е победник на ФИБА „Челенџер“ турнирот кој изминатава седмица се одржуваше во Тбилиси, соопшти КФСМ. Во решавачкиот натпревар, македонските кошаркарки беа многу подобри од домашната селекција на Грузија и победија со убедливи 104:36. Михаела Алексовска со 28 и Марија Иванов со 20 поени беа најефикасните во победничкиот состав. Македонките со максимални четири победи стигнаа до победничкиот трофеј и златните медали кои ги доделува ФИБА за ова ново натпреварување. зс/

Остани поврзан