• петок, 05 декември 2025

Кавадарчанка пријавила физички напад со остар предмет од свекорот

Кавадарчанка пријавила физички напад со остар предмет од свекорот

Кавадарци, 11 ноември 2025 (МИА) - Кавадарчанка во полиција пријавила физички напад со остар предмет од свекорот.

- Вчера во 17:31 часот во ОВР - Кавадарци, 54-годишна кавадарчанка пријавила дека во дворот од нејзиниот дом била физички нападната од нејзиниот свекор, кој употребил остар предмет, кој е пронајден и одземен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Оттаму информираа и дека вчера во 15 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци ги лишиле од слобода Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја.

- Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото. Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР - Велес. свд/бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан