• понеделник, 19 август 2024

Кавадарчанец пријавил физички напад од братот кој употребил и дрвен предмет

Кавадарчанец пријавил физички напад од братот кој употребил и дрвен предмет

Кавадарци, 19 август 2024 (МИА) - Кавадарчанец пријавил физички напад од братот, кој употребил и дрвен предмет, информираа денеска од СВР Велес. 

- Вчера во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле кавадарчанецот  Г.С.(56), постапувајќи по пријава од неговиот 52 – годишен брат, дека, по претходна расправија, во дворот од семејната куќа физички го нападнал, при што употребил и дрвен предмет. По документирање на настанот, против Г.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. 

Оттаму информираа дека вчера во 17.55 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода кавадарчанецот А.О.(28), затоа што на градскиот стадион во градот, за време на одржување на фудбалски натпревар, агресивно се однесувал и се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. А.О. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/


Фото : МИА архива

Остани поврзан