• понеделник, 23 декември 2024

Кавадарци постави фотонапонски панели на јавните општински објекти 

Кавадарци постави фотонапонски панели на јавните општински објекти 

Кавадарци, 28 септември 2023 (МИА) - Општина Кавадарци е единствена општина во Република Македонија која изминатата година постави фотонапонски панели на сите јавни општински објекти со вкупна инсталирана моќ од 19,2 киловати на час, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 

Оттаму споделија и фотографии, на кои, како што рекоа,  може да се забележи моќноста од фотоволтаиците, моменталната моќност на потрошувачи и моќност кон/ од мрежа за секој објект.

 - И секако, еден приказ дека општинските објекти сами обезбедуваат вкупно 99 проценти од електричната енергија. Во Кавадарци реализацијата на ваквиот иновативен проект придонесе за заштита на животната средина, подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните, напредок во образованието, бидејќи овие панели работат на користење на обновливи извори на енергија, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Притоа, додадоа, дека Кавадарци уште еднаш „со ова покажа дека со домаќинско работење и со незначителни средства сепак, произлезе бенефит кој што го користат граѓаните на Општина Кавадарци". свд/дма/


Фото: МИА

 

 

Остани поврзан