• петок, 17 мај 2024

Кавадарци домаќин на членови на Меѓународна полициска асоцијација

Кавадарци домаќин на членови на Меѓународна полициска асоцијација

Кавадарци, 30 јули 2023 (МИА) - Кавадарци денеска беше домаќин на членови на Меѓународна полициска асоцијација(ИПА), од повеќе македонски региони. Претседателот на огранокот од Кавадарци, Климе Иваноски појасни дека настанот е организиран во знак на одбележување на денешниот меѓународен ден на пријателството, прогласен од Обединетите нации во 2011 година.  

- Пред повеќе од седум децении, Меѓународната полициска асоцијација беше основана од Артур Труп и набрзо стана најголемата полициска организација во светот, инспирирана од основната вредност на пријателството. Тиквешкиот регион годинава беше домаќин, на повик од  Социо - културната комисија, додаде Иваноски. 

Тој нагласи дека присутните во Кавадарци, покрај што размениле искуства и се дружеле, пешачејќи и по рекреативната патека покрај реката Луда Мара,  донирале и парични средства за манастирскиот комплекс во Ваташа. свд/вг/


Фото : ИПА 

Остани поврзан