• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека договорот за прекин на огнот се уште не е постигнат

Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека договорот за прекин на огнот се уште не е постигнат

Teл Авив, 15 јануари 2025 (МИА) - Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва соопшти дека се уште не е постигнат договор за прекин на огнот со Хамас и дека некои детали се уште не се конечно решени.

Во соопштението се изразува надеж дека „деталите ќе бидат финализирани вечерва“.

Претходно, многу посредници изјавија дека Израел и Хамас се договориле за прекин на огнот во Газа и ослободување на десетици заложници по повеќе од 15 месеци војна. зш/

Остани поврзан