• четврток, 26 декември 2024

И шпанскиот весник „Ла Вангардиа“ се повлекува од Икс

И шпанскиот весник „Ла Вангардиа“ се повлекува од Икс

Мадрид, 14 ноември 2024 (МИА) – Шпанскиот дневен весник „Ла Вангардиа“ (La Vanguardia) денеска соопшти дека нема повеќе да објавува вести на платформата Икс бидејќи истата станала „мрежа за дезинформации“.

Одлуката на весникот со седиште во Барселона доаѓа еден ден откако британскиот весник „Гардијан“ одлучи да го затвори својот официјален профил на платформата во сопственост на Илон Маск.

Од „Гардијан“ посочија дека подолг период размислувале да се повлечат од Икс поради промовираните вознемирувачки содржини на платформата, вклучително и екстремно десничарски теории на заговор и расизам. ми/

фото: лого

Остани поврзан